Најголемата разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што, ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе пред граѓаните и да каже дека ќе спроведе мерки без притоа да не е целосно сигурен во проектите и мерките, без да нема направено сеопфатна анализа за проектот, односно без да направи анализа кои се ефектите од мерката која што ќе ја донесе и на крајот да е сигурен секој таа мерка ќе е за доброто на граѓаните, за разлика од СДСМ, вели Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал5.

Нелоски додаде дека СДСМ и Зоран Заев на власт дошле со лажни ветувања, манипулации на смртни случаи ветувајќи правда за вистинските сторители спомнувајќи го случајот за жртвите на Смилковско езеро и убиството на Мартин Нешковски, но дека сега од позиција на власт ништо не реализирале, односно како што рече тој Заев од позиција на власт се фотографирал со него а и наместо во затвор убиецот на Нешковски е избеган во друга држава.
СДСМ вети дека ќе има правда и дека ќе ги фати убијците кај Смилковски езеро. Сега имаме ситуација да тие луѓе се на слобода. СДСМ им ветуваше и на родителите на жртвите од Смилковско и ја искористи нивната смрт за да дојде на власт. Подоцна ја искористи смртта на Мартин Нешковски за да дојде на власт, а подоцна се сликаше со убиецот на Нешковски, а сега е и пребеган во друга држава и нема правда, посочи Нелоски.

Нелоски заврши дека СДСМ и Заев се што кажале изминатиот период и се што ветиле дека ќе направат за граѓаните, не направиле а како причина за тоа ја наведе неспособност за работа, немањето на капацитет и негрижа за реалните проблеми на граѓаните.