Заев е најголемиот измамник во историјата на независна Македонија

Соопштение до јавноста

Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на независна Македонија.

Заев вети изградба на модерен студентски град на местата на СД Стив Наумов и СД Гоце Делчев. Студентски град нема.

Зоран Заев вети намалување на бројот на министри во Владата. Три години подоцна бројот на министри е зголемен, а бројот на директори удвоен.

Зоран Заев најави инвестиции на Гугл и Фејсбук. Од Гугл и Фејсбук нема ни трага, ни глас, но има инвестиции од Вице Заев во плантажи со марихуана.

Зоран Заев вети дека ќе го продадел блиндираниот мерцедес и ќе набавувал возила за итна медицинска помош. Три години подоцна итната медицинска помош се распаѓа, а Заев си набавува хелихоптери.

Заев ветуваше 100.000 денари плата за лекарите за време на последните избори. Три години подоцна, докторите платата ја бараат надвор од Македонија.

Заев лаже и на Заев не може да му се верува.

Заев вети враќање на 600.000 иселени од државата. Ниту еден не врати. Секој ден се иселуваат се повеќе граѓани.

Заев вети бесплатно здравство за сите. Бесплатно здравство нема.

Заев вети 600 километри нов автопат. Нема ниту 1 метар нов автопат

Заев вети многу. Не реализира ништо.

Заев лаже три години по ред. Заев лаже и сега.

Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев. Граѓаните ќе го казнат Заев за сите лаги и измами во изминативе три години.

Доаѓа време за обнова на Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...