Трипуновски: Проблемите на граѓаните и нивните решенија ќе бидат преточени во новата предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска се наоѓаме во Василево, во струмичкиот регион, во најземјоделскиот крај на Република Македонија и од она што можев да го слушнам од граѓаните со кои што разговараме е дека селата се се попразни, а земјоделските политики кои што ги води СДСМ се погубни.

Од разговорите слушнав дека локалната самоуправа речиси нема ништо инвестирано еве веќе две години мандат колку што има градоначалникот, а граѓаните не го добија она што им беше ветено и за локалните избори во 2017 година и од парламентарните избори во 2016 година.

Граѓаните се свесни дека СДСМ со владеењето управува односно со криминалиите што ги прави на ниво на Република Македонија и сите оние пример и за непотизам во рамките на кругот на Зоран Заев.

Меѓутоа во разговорите со граѓаните кои што ги посочија сите проблеми кои што ги тежнеат и тиштат овие години додека СДСМ ќе бидат проточени во предизборната програма која што ќе ја подготви ВМРО-ДПМНЕ. Значи ние овие разговори кои што ги водиме низ целата држава практично проблемите ќе ги преточиме во решение затоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ нудиме опција за решавање на нивните проблеми бидејќи граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро утре.

Ние сме гарантот дека Македонија ќе ја вратиме на правата патека.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.