Одговори на новинарски прашања на Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар: Денеска премиерот повторно се предомисли за изборите и ги повика сите партии да бидат подготвени за 12 април, но, сепак остави една мала резерва во случај да стигне ратификацијата дека би било добро сите да го поместите. Дали вие сте подготвени за нешто такви?

Одговор: На лидерската средба во која што учествуваа сите политички партии беше утврдено дека изборите треба да се одржат на 12 април, односно техничка влада да се формира на 3 јануари 2020 година. Ние како политичка партија не гледаме посебна причина за одложување на изборите кои што ги најавува Заев.

Прашање, новинар: Во однос на ратификацијата дали според вас може собранието да се свика специјално, да има вонредна седница иако е распуштено или можеби во тој случај би се согласиле малку да го пролонгирате датумот?

Одговор: Како што кажав ние не гледаме причина да се одложат веќе закажаните избори за 12 април, а согласно процедурите на собранието и претседателот на собранието ќе се  одлучи дополнително дали има простор да се изгласа ратфикацијата или ќе треба да се направи некоја друга отстапка.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.