Би сакал да се осврнам на две стратешки теме во делот на економијата кои тогаш ги нудеа пред граѓаните. Првата беше дека практично ќе ги вратат оние 15 проценти од ДДВ кај граѓаните, и велеа: „до сега се собираа околу 45 милијарди денари во буџетот по основ на ДДВ, а кога ние ќе ја почнеме оваа акција очекуваме да се зголеми на 54 милијарди и ние ќе вратиме 8 милијарди денари кај граѓаните, а една милијарда ќе останат расположливи во буџетот.“ Ниту првото се случи, ниту второто, вели Заев, ова вечерва во емисијата Став на кумановската телевизија Плус го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додава дека осум милијарди денари од прилика некаде се околу 130 милиони евра и никој не виде дека во првите три месеци оваа мерка била успешна.

-Не е ни дваесет пати, дваесет пати е помала таа сума од тоа што тие ветуваа, додаде Мицкоски.