ВМРО-ДПМНЕ нуди бесплатна правна помош за сите вработени во јавната администрација кои се жртви на оваа власт    

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Власта во заминување врши секојдневен притисок и мобинг врз граѓани, вработени во јавната администрација.

Во последните неколку денови засилено се врши притисок врз наши членови, симпатизери и воопшто врз сите неистомисленици со власта, вработени во јавната администрација.

Според податоците кои секојдневно доаѓаат до нас регистрирани се неколку случаи на преместување и мобинг врз вработени во АВРМ, ЈП Македонски шуми, МВР и МЗШВ.

До нас се пристигнати стотици неосновани дисциплински постапки, распоредувања од една општина во друга, распоредувања на пониско ниво и отказни решенија. Инспекциските служби и комисиите кои одлучуваат во втор степен по жалби за права од работен однос, се дел од систематскиот притисок што се врши врз вработените од јавниот сектор.

Власта ги шиканира вработените во јавниот сектор со цел пред избори да влее страв кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ја следи аздисаноста на власта и порачува, за шиканирањето, мобингот и заплашувањето на вработените во јавните институции ќе има одговорност. Никој не смее да им се заканува на граѓаните заради политичка определеност или неопределеност.

Власта треба да ги тргне рацете од јавната администрација, која професионално си ја извршува работата во корист на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави вработените во јавната администрација сами во борба со неправдата на СДСМ. Токму заради овие причини партијата нуди бесплатна правна помош за сите вработени во  јавната администрација кои на било кој начин се жртви на оваа власт. За таа цел сите граѓаните, вработени во јавната администрација ќе можат да добијат стручна правна помош од партијата во сите Општински Комитети низ државата секој работен ден во период од 17 – 19 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и ги охрабрува сите малтретирани вработени во јавниот сектор да ги пријавуваат сите видови на притисоци на работните места, зошто правда ќе има за сите, а функционерите – деспоти ќе одговараат за сите злоупотреби и притисоци!

Насилието нема да го спречи падот на оваа власта. На 12-ти април доаѓа обновата на Македонија, Од 13-ти април почнуваме со враќање на достоинството на администрацијата. Администрацијата ќе биде независна од политиката и ќе работи професионално и исклучиво во полза на граѓаните.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...