Мицкоски: Борбата на Заев е за пуста власт за да може да крадат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Журнал“ нагласи дека Зоран Заев се бори за да опстане на власт за да може тој и неговите пајташи да го крадат македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, буквално на целокупно ниво, и на локално практично и на државно. Така што јас би сакал да ги споредувам периодите и политиките на однесувањето на еквивалентна основа, позиција – опозиција, власт –власт. Ако го споредувате однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кога беше опозиција ќе ви дадам еден пример. Ние да речеме работевме заедно со оваа власт, ние велевме реформите пред се, ќе учествуваме во реформските закони, ќе ги подобриме, ќе ги подржиме во парламентот. Затоа што тоа е условот за да Македонија остане на европската траекториј, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека СДСМ кога беше опозиција, кршеше, бојадисуваше, уништуваше државен имот. Во техничката влада министрите пишуваа писма по светот, ја загрозуваа макроекономската стабилност.

Начинот на однесување на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција и СДСМ како опозиција може да се споредува. Имаме еден зрел, државнички и имаме еден помалку или повеќе примитивен начин на однесување. Зошто, за да се дојде до пуста власт, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...