Во недостаток на свои решенија поврзани со стандардот на воените лица СДСМ се фалат со туѓи проекти

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Драган Николиќ

Во недостаток на свои проекти и решенија поврзани со прашањата на стандардот на воените лица, очајни од сознанието дека ништо не направиле за војската, а се ближат избори, СДСМ се принудени да се фалат со туѓи проекти и решенијата на проблемите да ги присвојуваат како свои.

Денеска државниот секретар на Министерството за одбрана Драган Николиќ промовираше  мерка која владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја наметна како законска обврска на Министерството за одбрана уште во 2014 година, додавајќи ги членовите 40-а и 40 -б во измените на Законот за Служба во Армијата на Република Македонија.

Измените се објавени во Сл. Весник бр. 29 од 6.02.2014 година и со тоа објавување решавањето на статусот на професионалните војници после навршување на 45 години стана обврска. Во оваа прилика сакаме да му заблагодариме на актуелниот претседател на комисијата за одбрана на СДСМ и актуелен државен секретар на Министерството за одбрана што ни дава прилика да ги потсетиме војниците од оваа целна група за тоа кој ја стави оваа обврска во закон.

Воедно го охрабруваме Николиќ како државен секретар да се заложи за подобрување на стандардот на вработените во Министерството за одбрана и Армијата и да се избори да престане дискриминаторскиот однос кон цивилниот персонал и за дел од воениот персонал .

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...