Стаменковски Стојковски: Се водеа над 150 дисциплински мерки и се изживуваа со вработените во Генералниот секретаријат

Во самиот закон за административни службеници се предвидува бркање од работа без дисциплинска постапка и нели синдикатот не е дел од оваа дисциплинска комисија и бројот на членови на самата дисциплинска комисија се намалува н три члена што е апсолутно нон сенз бидејќи многу лесно тројца вработени ќе ги најдеш и ќе ги обработиш дека одредена личност треба да биде избркана, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Таа додаде дека Генералниот секретаријат на Владата водел дисциплински постапки за над 150 вработени лица и тоа за некои лица се воделе по две до три дисциплински постапки само поради тоа што некои од новите раководители и шефови на кабинети вработени од СДСМ не им давале работни обврски и на тој начин се изживувале со нив.

Дополнително на тоа ова е само уште една алатка како веќе во Генералниот секретаријат во владата преку 150 дисциплински постапки се водеа против лица кои што претходни години биле дел од најдобрите работници согласно оценувањата од претходните години и одеднаш тие лица стануваат најпроблематично и се случува едно лице да има по две до три дисциплински а притоа новите шефови кои што се дојдени или оние кои што се поставени раководители без никакво искуство со несоодветно образование не им делегираат работни обврски на вработените и потоа се изживуваат, рече Стаменковска Стојковски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...