Јанушев:Аерозагадувањето достигнува историски највисоки бројки, а Заев и Макрадули се фалат дека спроведуваат сериозни мерки

Аерозагадувањето достигнува историски највисоки бројки, и тоа во период кога грејната сезона не е почната, ама Заев и Макрадули не се согласувале дека немало стратегија и се повикуваат на Европската комисија која потврдила дека за прв пат годинава, во 2019 година во Буџетот е воведен Фонд за справување со аерозагадувањето по примерот на низа европски земји.

Додаваат дека продолжувале со целиот сет на мерки што бил јавно објавен и верувале дека резултатите секоја година ќе биле се повеќе и повеќе видливи. Отпочнале многу сериозни проекти за инвестирање во замена на системите за греење и ќе продолжеле во тој правец. Следувале директни вложувања во јавниот превоз и директни контроли на индустријата.

Во реалноста, “сериозната понуда” на Заев се субвенции за по околу 30 клими во просек по град! А, да, и планирале да купат
неколку автобуси на гас!

Има некој нормален што може да верува дека со овие “сериозни мерки” резултатите ќе бидат видливи???

Во следниот период очекувам да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека ги потпалува пожарите и фрла ѓубре!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...