На денешната седница за пратенички прашања се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“, Иван Иванов кој посочи дека неговото прашање беше во врска со бројот на издадени картички за зелена нафта.

Прашањето беше дека бројот на издадени картички не се совпаѓа со бројот на регистрирани земјоделци. Во вашиот одговор министер за земјоделие, кој го имате напишано и во кој што имате наведено многу небитни работи и на крај за да заклучите дека, ќе цитирам – „Покажува дека имате основно непознавање на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“. И дека оваа влада не ги делела земјоделците по никаков однос, истакна Иванов.

Иванов констатира дека за оваа Влада земјоделците не само што не ги дели туку и земјоделците воопшто за нив не постојат.

Ајде што сте напишале дека имам елементарни непознавања од тоа, еве на некој начин јас сум дипломиран машински инженер, да речеме дека на некој начин личи. Меѓутоа како може Вие да мислите дека имате елементарни познавања и ако имате елементарни познавања од земјоделието, како го доведовте земјоделието до ова дереџе, Иванов го запраша министерот за земјоделие.

Иванов додаде во прашањето до министерот Димковски, како успеа земјоделието да дојде до ова дереџе. Доколку Димковски има елементарно познавање зошто површините за ориз се намалуваат. Зошто земјоделците упорно го фрлаат својот род, зошто откупните цени се ниски, зошто се намалува сточниот фонд, прашања кои заслужуваат одговор од министерството. Но на сето ова земјоделците својот одговор ќе го дадат на 12-ти април, што мислат за оваа власт.