Тандемот Марин и Шилегов се колатерална штета за Аеродром, нивното самоволие ја уништува општината

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром

Почитувани,

Златко Марин и СДСМ продолжуваат со самоволието, незаинтересираноста за решавање на реалните проблеми на аеродромци и уништување на општината.

На средбите со граѓаните кои ги имавме во изминатиот период ни беа посочени огромен број на проблеми, за кои општината нема слух за решавање. Марин и Шилегов создаваат хаос во секојдневното живеење на аеродромци.

Од причина што градоначалникот повторно не беше присутен на денешната седница да одговара на поставените прашања на членовите на Советот ќе го прашаме јавно:

– Зошто го одби предлогот за обезбедување на дополнителни средства во буџетот на општина Аеродром за реконструкција на постоечките училници во ОУ „Димитар Македонски“, како би се овозможиле нормални услови за одвивање на наставата во ова училиште, до изградба на новата училишна зграда?

– До каде е изградбата на ветената гимназија во општина Аеродром?

– Дали имаат план за решавање на проблемот со хигиената во општината?

– Што планираат да преземат за решавање на проблемот со кучињата скитници?

Сите секојдневно сме сведоци на неубави сцени од напади на луѓе, труење и убивање на кучиња, нешто што очигледно само Марин и Шилегов не го забележуваат.

– Дали повторно аеродромци ќе дишат најзагаден воздух во Република Македонија?

– Дали навистина Златко Марин мисли дека давање субвенции за 27 инвертори е реална борба против загадувањето?

Ситуацијата во Аеродром со аерозагадувањето е загрижувачка, ветувањата за чист воздух се заборавени, па дури се дрзнуваат и да ги обвинуваат граѓаните за оваа ситуација, а не преземаат ништо.

Тандемот Марин и Шилегов се колатерална штета за општина Аеродром. Колку побрзо се освестат, толку подобро за сите. После две години на власт, крајно време е да разберат дека се градоначалници кои мораат да работат во интерес на граѓаните.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.