Ние припаѓаме на европското семејство. Не можете целокупната европска јавност да гледа како летаат куферчиња со милиони евра во кои што се директно посочени обвинители, судии, власт, пратеници, врхушката на владејачката партија, а потоа да речете е сега ова веќе никој не го гледа, сега ќе добиеме датум, ова вечерва во интервју за телевизија Шења го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека кај нас можеби притиснати судии и обвинители можат да не слушнат како Зоран Заев бара евро а Вицето, евро за црквата како градоначалник на Струмица, но тоа не може да се случува во Европа, затоа што тие немаат концесија кон Зоран Заев, ниту пак Зоран Заев може да купи, е тука може. Вредностите налик на она во Прилеп “мало сутра“ не можат да не однесат во Европа.

-Нас ни требаат политичари честити и искрени, отчетни луѓе кои што навистина ќе направат нешто за оваа држава и доколку не успеат да бидат подготвени да сносат одговорност. Доста е со политичари кои што во политиката се само за привилегии, секој оној кој што не е подготвен да му служи на народот, нека не се занимава со политика, вели Мицкоски.