Мицкоски: Со потези како она „мало сутра“ на Заев, не може да одиме во Европа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ интервју за Телевизија Шења истакна дека наместо да се бориме за вредности, за ЕУ перспектива, ние добивме битка во која што ќе се одлучува за политичката иднина на Зоран Заев, а со потези како „мало сутра“ ние не можеме да одиме во Европа.

-Најголем проблем е што Европската интеграција во Македонија се претвори во битка за политички опстанок на Зоран Заев, наместо ние сега да зборуваме за вредности, да зборуваме за реформи, за нула толеранција за криминалот и корупцијата, ние зборуваме добро е Македонија не доби датум, Зоран Заев ќе си поднесе оставка и ќе имаме предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски.

Тој истакна дека не може Заев да оди да коленичи во Брисел, а тука на шверцерски начин, со европско знаменце по скратена постапка да носи закон за марихуаната, и на тој начин да го фаворизира бизнисот на неговото семејство или на луѓе блиски до неговото семејство, тоа некој го гледа и го бележи.

-Никој денеска не зборува за арамилукот, за криминалот и корупцијата, за Рекетот,  за плантажите со марихуана, никој не зборува за криминалните тендери во здравството. Не може да продолжи кариерата на Зоран Заев, а сето ова да се заборави, вели Мицкоски.

Тој исто така посочи дека европските институции го следат менаџирањето, некој ги евидентира корупцијата и криминалот, како функционира правосудството, како се однесуваме спрема медиумите, и вели дека ние не сме подготвени да добиеме датум за почеток на преговори и тоа е системска грешка, а ние друга иднина освен европската немаме.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...