Нема желба кај СДСМ да се најде решение, затоа што во минатото црвената линија беше Катица, Јанева, видовме Катица Јанева со рацете во медот и  со Луј Витон куферот. Е сега следна црвена линија е Вилма Русковкска која вчера ја слушавме на еден медиум, како не ја говори вистината и се става целосно во функција на владата предводена од СДСМ и Зоран Заев,вели Мицкоски, ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го истакна вечерва во интервјуто на ТВ Шења.

Мицкоски вели дека Русковска  летото го контактирала да се слушнат при што тој ја повикал. На тој повик Мицкоски вели дека Русковска побарала средба, да разговараат за уцените на Катица јанева упатени до него, но бидејќи  не можеле да договорат средба тој период се согласиле средбата да се одржи после годишните одмори.

– Се договоривме по годишните одмори да се слушнеме и да се договориме да сер видиме. Дојде 15 август, јас се вратив од годишниот одмор, и пратив порака дека сум во Скопје, во ред ќе ве побарам. Тогаш беше 15 август, сега сме 30 октомври, ниту ме побарала ниту имало такво нешто.  А онаа прес конференција  која што ја споменува Рускосвка е на е на 11 септември, тоа е еден емсец откако завршиле годишните одмори, а месец ипол откако сме оствариле контакт. Така да не ја говори вистината кога вели дека ме виела на прес конференција па ме побарала и за тоа имам докази, потенцираше Мицкоски.