Мора на здрава основа да се темелат политиките, не само во економијата, општо, стратешкото позиционирање на владата треба да биде осмислено темелно анализираме и да претпоставиме неколку чекори кои што ќе ги направиме, со политики купи ден продај ништо не правиме. Само назад одиме, ова вечерва во интервју за ТВ Шења го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека мора да се направи реиндустријализација затоа што  перформансите кои што во моментов македонската економија ги има посебно во преработувачката индустрија се очајни, а тоа е резултат на даночната политика на власта и дополнителните давачки кои им ги наметнаа на компаниите.

-Мораме да ја вратиме старата даночна политика на рамен данок. Мораме да ги скратиме оние дополнителни оптеретувања на  политиката кон компаниите во делот на зголемување на акцизите за дизел горивото што е од 3 денари така натака.  Ние мораме да се позиционираме претприемачки и да размислуваме претприемачки за да го постигнеме ефектот на зголемен волумен, повеќе пари во буџетот и врз основа на тоа ја зголемуваме платата, нагласи Мицкоски.