Арсовски со скандал за фамилијата на Каевски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето во „Што не е јасно“ на Алфа ТВ каде дебатираше со Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт, објави скандал за фамилијата на Каевски, односно како нивната семејна фирма, Гео Каевски добива тендери од Општина Кисела Вода и Општина Велес.

Конкретно да ве прашам, во вашето CV Стои дека како млад економист ја започнувате кариерата во 2012 во Геодетско друштво, претпоставуваме дека е геодетското Гео Каевски, Истото геодетско друштво кое што верувам дека е на вашите родители добива тендери Општина Кисела Вода, каде што градоначалникот важи за ваш близок пријател, вели Арсовски. Тој во документот кој го прикажа пред камерите на Алфа ТВ посочи дека фирмата на Каевски добила 2 милиони денари само во Кисела Вода, додека пак фирмата од 2017 до 2018 има пораст од неверојатни 317%. Ми кажувате дека работиме на повисок стандард за младите, дали ова не е лицемерно.

Ќе ми кажете дека работиме на стимулирање на компаниите? 2017 година Водовод и Канализација, Агенција за планирање на простор Општина Велес, Агенција за катастар Општина Кисела Вода, Општина Велес. 17 јануари 2018 година, 10 јули 2018 година, 26 септември 2018 година. Не е ова доблесна политика каде што се обидувате лицемерно да кажете дека работите на подобрување на стандард. Подобрување на стандардот не значи исти лаги, заклучи Арсовски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...