Стоилковски:Симовски да одговори дали статистика лажира информаци?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани до ВМРО-ДПМНЕ постојано пристигнуваат индиции за злоупотреба на статистиката заради потребите на власта во заминување. Постојат сведочења за пиши-бриши економски показатели кои излегуваат од државната статистика, а по нарачка на власта за лажно подобрување на економскиот биланс.

Почитувани,

Државната Статистика  наместо одговори, се заканува со тужби  бидејќи беше објавено дека до ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сведоштва од вработени, актуелни и поранешни вработени, за фабрикување и испорака на резултати по теркот на потребите на власта, а со цел да се стекнат со подобри стартни позиции до делот на обезбедување на средства за буџетот, но и за други политики коишто ги води оваа власт во заминување.

Ваквиот чекор, заканите со тужби  од директорот, Апостол Симовски само ги засилува сомнежите во јавноста за недоследности во работењто.Заканите ги зацврснуваат индициите за пиши-бриши економијата во рамките на државниот заводот за статистика, индициите за манипулација со информациите за растот на БДП, индиции за манипулации за процентот на долгот на државата, што предизвикува лажна слика за граѓаните, но и за меѓународните финансиски институции.

Заедно уште еднаш оттука ќе го прашам Симовски:

Дали имало вработени кои поднеле оставки заради лажирање и недоследно работење на институцијата?

Дали  се фабрикувани објавени резултати по претходен диктат од Илинденска бр.2?

Дали врз основа на таквите објавени резултати лажно се подобруваат стартни позиции на власта за обезбедување на средства за буџетот, како и за други политики на оваа власт во заминување?

Ова се сериозни прашања за макроекономијата,прашања коишто навлегуваат во севкупното економско движење и живеење во Македонија, прашања коишто заслужуваат одговори од директорот на статистика. Но, наместо одговори од него стигнуваат закани со тужби.

Почитувани,

Се повеќе граѓани се охрабруваат и приоѓаат до ВМРО-ДПМНЕ со факти, со докази и со индиции. ВМРО-ДПМНЕ знае каде да ја лоцира одговорноста за ваквите случувања.Одговорност за ваквите лажирања мора да има и ќе има по предвремените парламентарни избори.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...