Стаменковска Стојковски: Граѓаните на Гази Баба не видоа ниту едно ветување од прeдизборната кампања на Борис Георгиевски

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Невенка Стаменковска Стојковски

Почитувани,

Изминува и втората година од мандатот на Борис Георгиевски како градоначалник на Гази Баба.

Со секој поминат месец се зголемува бројот на неостварени ветувања од неговата предизборна програма.Граѓаните од Гази Баба се прелажани како никогаш до сега од кога се спроведуваат локални избори во Република Македонија.

Борис Георгиевски е посветен на дневно политички игри за кои добива упатства од неговата матична партија, и се занимава само со протоколарни и безлични активности кои суштински не влијаат врз животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и во оваа прилика се потсети на долгиот список на лаги на СДСМ и на Градоначалникот во Гази Баба.

Господине Георгиевски, до каде е ветената гасификација за жителите од нашата општина која беше гласно истакнувана во вашата изборна програма “Живот за сите”? Како планирате да ја завршите во 2021 година кога до денес ја немате и отпочнато?

Граѓаните од месната заедница Црешево и Стајковци прашуваат дали ќе го добијат спортско-рекреативниот центар кој го ветивте, а уште не сте го отпочнале?

Имате обврска да им одговорите на граѓаните од урбаната заедница Автокоманда зошто во годината која изминува не им изградивте поликлиника која ја ветивте во вашата изборна програма?

Дали е совесно да се лаже кога здравствената грижа на граѓаните е во прашање?

Во пресрет на 3 ноември-Денот на општината, како ќе ги погледнете во очи родителите од урбаните заедници Ќерамидница, Автокоманда, Ченто, месните заедници Стајковци, Трубарево и  Питу Гули-Инџиково каде што ветивте дека ќе изградите нови детски градинки и училишта, и реконструкција на постоечките?

Мртво слово на хартија останува и ветениот трговски центар во Маџари, катната гаража во Ченто, ги изневеривте младите кои го очекуваа затворениот базен во Хиподром.

Гази Баба останува без асфалтирани улици, без ветени одводни канализации, за Гази Баба времето е застанато.

Борис Георгиевски и СДСМ ќе останат запаметени по реваншизмот, кадровите смени, непотизмот, затвореноста во неговата комфорна канцеларија и префрлувањето на вината за неспособноста на други.

Наближува зимата, а Гази Баба повторно ќе биде најзагадената општина во државата.

Долг е списокот на измамите од луксузната предизборна програма на Борис Георгиевски со 90% нереализирани проекти.Тоа е честитката од градоначалникот до граѓаните за 3 ноември Денот на општината.

ВМРО-ДПМНЕ остануваат доследни во промоција и заштита на интересите на граѓаните и понатака ќе го потсетуваме градоначалникот за неговата должност да работи за унапредување на нашата општина.Неговиот мандат изминува, на следните избори тој и неговата партија ќе ја добијат казната за неговата неодговорност.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.