ВМРО-ДПМНЕ од денес со јавен повик за учество во изработката на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори во 2020 година

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Граѓаните се гневни и разочарани од оваа власт. Граѓаните едвај чекаат оваа расипничка и ненародна власт да замине за да си ја вратат државата и за да почне да се решаваат нивните маки. Активностите во рамки на „Разговори за обнова на Македонија“ покажаа дека граѓаните не гледаат и не очекуваат никакви решенија од Зоран Заев.

Над 40.000 граѓани разочарани од криминалот, корупцијата и неспособноста на владата на Заев, се обратија во рамките на акцијата посочувајќи ги проблемите, но и нудејќи идеи и проекти. Огромното мнозинство од граѓани бараат обнова на Македонија.

Тие не сакаат да гледаат како Македонија под власт на Заев се уназадува и тоне во бесперспективност на секое поле. Граѓаните знаат дека ветувањата на Заев се обични лаги. Најавените реформи се претворија во милионски тендери за семејните фирми, а подобриот стандард на обичниот човек се претвори во торби Луј Витон за кои сеуште се крие каде завршуваа.

Оттука, а охрабрени од големата поддршка на акцијата „Разговори за обнова на Македонија“, ве известуваме дека ВМРО-ДПМНЕ од денес упатува јавен повик за учество во изработката на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори до сите невладини организации, здруженија на граѓани, синдикати, стопански и останати комори, и останати заинтересирани субјекти да се вклучат во нејзината изработка.

Сите заинтересирани своите проблеми, согледувања, предлози, идеи ги повикуваме да ги достават на е-маил адресата obnovanamakedonija@vmro-dpmne.org.mk најдоцна до 30.11.2019 година. Испратените материјали ќе бидат разгледани од страна на тимот на ВМРО-ДПМНЕ кој работи на изготвување на програмата, предводен од проф. Д-р Трајко Славевски.

По што ќе стапиме во контакт со сите заинтересирани субјекти и ќе договориме средби и начин за понатамошна соработка.

Очекуваме оваа нова алатка на комуникација да даде нов и квалитативен придонес во рамки на нашата акција и подготвувањето на изборната програма. Ние сме убедени дека граѓаните и сите чинители во државата кои и сакаат подобра иднина на Македонија ќе се вклучат и ќе помогнат во изготвување на победничката изборна Програма. Која без сомнение ќе биде темелот на кој принципиелно ќе се гради идната владина програма.

Почитувани,

Како што истекува времето на оваа криминално рекетарска банда на власт предводена од Заев, така и истекува и времето на неговите лажни ветувања, погрешни политики и катастрофални последици. Доаѓа времето на обновата која Заев ќе го прати во историјата и ќе донесе нов поттик на развојот и напредокот на Република Македонија.

Европската иднина може да се обезбеди само со многу труд, работа, посветеност и обнова кои ќе донесат благосостојба на граѓаните на Република Македонија. Заев заминува заедно со куферите Луј Витон, заедно со сомнителните тендери, заедно со принципот евро за Вицето.

Доаѓа времето на прогресот кој заедно со граѓаните и нивните идеи ќе го обезбеди ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.