Сугарески чекори по стапките на својот партиски шеф, Заев и продолжува да ја лаже и манпулира македонската јавност

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Горан Сугарески

Сугарески, чекори по стапките на својот партиски шеф, Заев и продолжува да ја лаже и манпулира македонската јавност.

Со кое лице тој говори за проекти и инвестиции во инфраструктурата имајќи ја во предвид катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првите 6 месеци реализацијата на капиталните инвестиции изнесуваше помалку 20 проценти, а заклучно со октомври реализацијата е не повеќе од очајни 30 проценти.

Сите паметиме како Заев и Сугарески ветуваа дека ќе изградат над 500 километри автопат и 500 километри регионални и локални патишта. Власта не само што не ги изгради ветените 500 километри автопат туку и намерно стопираше и блокираше голем број инфраструктурни проекти започнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се гневни на власта и набрзо ќе ја казнат,  тие се излажани. Голем е бројот на нереализирани ветувања и изневерени очекувања, а казната за ваквиот однос на власта доаѓа на 12 април. Тогаш Сугарески и целата криминална банда на чело со Аболицираниот Заев ќе се соочат со револтот на народот.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...