Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Со кого лидерот на партијата Христијан Мицкоски и со кои од лидерите на албанските партии имал досега средби и за што се разговарало и со кого се сретнал во Битола со некој лидер од албанските партии?

Одговор: За вчерашна средба во Битола немам информации, она што можам да го кажам и што сме го кажале многу пати претходно е дека во комуникација сме со сите Албански партии, како и со сите останати партии без разлика во однос на тоа од која етничка припадност се луѓето кои членуваат во таа партија. Сметам дека тоа е нешто нормално што треба да го правиме во едно плуралистичко општество. На сите тие средби нормално најактуелно нешто за што се разговара се секако предвремените парламентарни избори. Во однос набило каква соработка, приближување на ставови се разбира како што сме кажале многу пати во минатото се базира и ќе се базира исклучиво на принципиелно договарање, принципиелна политика. Пазарења, задкулисни игри и слично не доаѓаат во предвид. Кога ќе имаме некои информации за кои што ќе треба да ја информираме јавноста, ќе го направиме тоа благовремено.

Прашање: Пратеникот Артан Груби пред неколку дена излезе со изјава дека на лидерската средба било договорено доколку процедурите за членство во НАТО не завршат до февруари, изборите што се договорени на 12ти април да бидат одложени. Дали имаше таков договор на лидерската средба и дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо изборите да бидат одложени заради членството во НАТО?

Одговор: За ВМРО-ДПМНЕ никакво дополнително одлагање на изборите не доаѓа во предвид. Не сум ја видел изјавата на Груби, претпоставувам дека е некое недоразбирање бидејќи на средбата воопшто не стана збор за такво нешто, напротив се разговараше откако се договори дека 12-ти април ќе биде датумот кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори, се проверуваше можноста доколку е потребно Собранието да ја донесе последната ратификација на спогодбата, односно договорот за пристапување кон НАТО и се разгледа варијантата доколку во тој момент Собранието е веќе распуштено можноста за наново да биде свикано. Бидејќи на самата средба имаше и експерти, професори од Правниот факултет истото го потврдија, бидејќи веќе во 2016-та година имаме воспоставено таква пракса и уставниот суд има донесено одлука со која во случај на итни, неодложни и одредени ситуации е дозволиво Собранието наново да се свика и да се донесува одлука за такво нешто. Така да, било какво одложување од било какви причини на изборите закажани за 12-ти април не доаѓа во предвид.

Прашање: Како го коментирате ставот на г-динот Заев?

Одговор: Видете, нормално дека се она што го кажувавме во изминатиот период, се она за кое се залагавме и на крајот за се она кое работевме и во текот на изминатата година, усогласувањето на реформските закони е всушност носечката и водечка улога на ВМРО-ДПМНЕ. Многу јасно и прецизно го дефинира нашиот пат и онаму каде што како партија и како држава треба да се движиме. Исто така да не заборавиме дека многупати, да не речам секојдневно, дека укажувавме на тоа дека без вистински реформи и без исполнување на условите и критериумите  кои што Европската унија ги бара од нас, не можеме да се надеваме на влез само решавање на некои политички прашања, и тоа е нешто кое што цело време го укажувавме и на што работевме. За жал на сите граѓани на Република Македонија се случи тоа што се случи, граѓаните беа казните поради лошите политики на Заев и Владата. За жал за тоа исто така добивме и потврда од дел од европските лидери, дека без реформи, односно со реформи само на хартија без имплементација на истите, за жал не можеме да бидеме дел од европското семејство. Она што можам да го кажам и да го ветам како ВМРО-ДПМНЕ е дека без разлика како ќе се одвиваат преговорите, без разлика кога ќе го добиеме датумот за преговори, од првиот момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира Владата ние ќе работиме како датумот да е добиен, како преговорите да се отпочнати и ќе работиме на исполнување на буквално сите задачи кои ги имаме во согласност со поглавјата кои ќе следат пред нас.

 

 

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...