Ќе остане мистерија каде исчезнуваат 10-ина милиони евра од буџетот годишно од Општина Карпош

Интегрален текст од изјава за медиуми на Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош

Почитувани,

Во тек е претпоследната година од мандатот на Стефан Богоев и СДСМ како раководат со Општина Карпош. И тоа е единствената позитивна вест за Карпош и Карпошани.

Мандат кој ќе остане запомнет по огромните очекувања и уште поголемите разочарувања и неисполнети ветувања.

Досега веќе на сите им е јасно дека нема ништо од трите ветени базени во училиштата, нема ништо од инфраструктурните проекти, ги нема ветените пешачки зони, ниту пак велосипедски патеки, нема нов парк на кејот, нема ништо и од помпезно најавениот пензионерски со сојузот на Боки 13.

Но затоа добивме шуга и мрса во училиштата, нехигиена насекаде, запалени депонии, исушени дрвја и паркови, пукотници по булеварите, разбојништва и кражби по домовите, физички пресметки и закани во нефункционални училишни одбори, сомнителни урбанистички планови, уништена урбана опрема, неодржувани детски игралишта, слободно паркинг место како невозможна мисија и токсичен воздух за 4 сезони.

Ќе остане мистерија каде исчезнуваат 10-ина милиони евра од буџетот годишно во услови кога Општина Карпош функционира како невладина организација надевајќи се на по некое грантче или донација.

Ќе остане мистерија и фактот што со Одлуката за милионската помош на спортскиот клуб наместо развој и напредок го однесе во последната фудбалска лига.

Ќе остане мистерија и како Карпошовото културно лето се сведе на дводневен настан.

Можеби најголемата мистерија од овој мандат ќе остане како ли само успеаја да засадат околу 300 скапи повеќегодишни дрва и најголем дел од нив да ги исушат и угинат за само неколку месеци.

Ваква состојба за Карпош е неприфатлива.

Карпошани заслужуваат многу повеќе.

Потребна е обнова на Карпош. Потребна е обнова на Македонија!

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...