Јанушев:Луѓето го напуштаат Заев затоа што сите веќе се свесни за каков (не) човек станува збор, а коалицијата му е пред распаѓање

Пред некое време пишував за изразите на лицето (facial expressions), држењето на телото и гестикулациите (body language) на Зоран Заев, како дел од неговата невербалната комуникација и единствен заклучок до кој може да се дојде, особено по “мало сутра”, е дека Заев го има изгубено и тоа малку тло што го имаше под нозете и веќе длабоко е потонат во “сопствената жива кал”.

Заев открива огромно ниво на нервоза, како и огромна несигурност и нестабилност, дури и психотично однесување, а сето тоа како резултат на соочувањето со сопствениот неуспех.

Луѓето го напуштаат Заев затоа што сите веќе се свесни за каков (не) човек станува збор и невозможно е да се поддржува таков човек, коалицијата му е пред распаѓање, ДУИ и ЛДП веќе јавно се изјаснија, во следниот период ќе следуваат останатите, отсуството на реформи, носењето на Република Македонија во амбис и потврдата на истото од меѓународните фактори како Светската банка (Doing Business) за падот од 7 места, од 10 на 17 место во светот, катастрофалниот рејтинг … во една таква ситуација во која се наоѓа Заев, играњето со “ниски страсти” на граѓаните само дополнително ќе го “дозакопува”.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...