Саша Богдановиќ абер нема да ги реализира проектите за почист воздух во Центар

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Кочев, претседател на УМС на OK ВМРО-ДПМНЕ Центар

Почитувани

Ова позади мене е уште еден успешен проект на градоначалникот Саша Богдановиќ. Вертикалното зеленило, кое го вети успешно се спроведува низ Центар и веќе центарци уште оваа зима ќе можат да ги почуствуваат придобивките и да дишат алпски воздух.

Сакаме да потенцираме дека вакви проекти се спроведуваат успешно и навремено  низ целата територија на Центар.

Почитувани,

Со ваква успешна работа градоначалникот Богдановиќ покажува дека е на “Прав Пат” во неговите ветувања кон центарци.

Сакаме да го охрабриме и во иднина да продолжи “успешно” да ги исполни сите ветувања кои им ги даде на центарци.

Oвa ветувaње и уште десетици други, грaдoнaчaлникoт немa aбер дa ги реaлизирa. Немa зелени фaсaди. Вo пресрет ни дoaѓa зимaтa и зaгaдувaњетo. Ништo oд ветенoтo вo oвaa oблaст не е реализирано, а грaѓaните нa Центaр зa жaл пaк ќе дишaт зaгaден вoздух и oтрoвни лaги oд СДСМ.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.