Како во комунизмот Заев и СДСМ со специјалци и оклопни возила се обидоа да спречат мирен земјоделски протест

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ со специјалци и борбени оклопни возила се обидоа да спречат мирен земјоделски протест. Како во најцрните времиња на комунизмот народот требаше да биде заплашен и замолчен.

Земјоделците го живеат најцрниот период во овие 29 години македонска држава. Големиот одзив, и покрај полициските сили и притисоци на Заев и Спасовски покажуваат колку е тешка маката на македонските земјоделци. Субвенциите не стигаат до крајниот земјоделец, а целиот сегмент е во рацете на локални моќници кои печалат на маката и трудот на работливите земјоделци. Но Земјоделците го кренаа гласот и нема назад.

Зоран Заев вчера и нареди на полицијата на Спасовски да ги спречи земјоделците да го изразат својот револт против ненародната власт која три години лаже и манипулира со нивниот труд.

Да погледнеме видеото од вчерашниот протест од кој јасно се гледа како Заев им се закануваше на земјоделците со специјалци наоружани до заби. Со цел да ги исплаши и спречи мирно да протестираат пред Владата на Република Македонија.

Зоран Заев и неговите луѓе во МВР вчера го прекршија член 21 од Уставот на Република Македонија, кој го гарантира правото на протест.

Правото на протест не може да биде ограничено. Зоран Заев вчера го ограничи. Заев вчера крена рака против сопствениот народ.

Само тоталитарни режими се обидуваат со сила да го замолчат народот. Од вчера власта на Зоран Заев и официјално е тоталитарна.

Заев без срам прати специјални единици против сопствениот народ. Против напатени земјоделци кои цела година работат, а не можат да спечалат ни за леб. Заев вчера покажа дека е исплашен.

Заев е исплашен од сопствениот народ кој ќе го порази на избори. Нема да го спасат ниту специјаци, ниту оклопни возила. Доаѓа 12 април. Падот на СДСМ е се поизвесен.

Доаѓа време за понесување одговорност.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...