Ѓорчев: Доаѓаат промените во Македонија и ќе одговараат за сите криминалии кои што сега ги прават

 Соопштение до јавноста

Пратеникот Влатко Ѓорчев денес во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ имаше средба со граѓаните на  Демир Капија.

Ѓорчев пред присутните истакна дека за многу брзо следува техничка влада, а потоа следуваат и избори, а на нив доаѓаат промените во Македонија, кога тогаш сите кои вршат криминалии, притисоци и ги заплашуваат граѓаните ќе треба да одговараат пред законите.

Имаме уште 60 дена  додека да имаме широка влада и порачајте им на оние кои се закануваат на оние кој се шетаат со прстот кренат горе по канцелариите, на оние кои заплашуваат, на оние кои вршат непринципиелни притисоци,  дека доаѓаат промените, дека тоа не е во ред што го прават и дека за сето она што и се случува на Македонија за сите криминали корупции за сите незаконски работи за сите оние притисоци кои ги гледаме ќе има одговорност за многу кратко време, посочи Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека  за 6 месеци ќе има нова влада и дека доаѓа новата влада на Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на Демир Капија да ги соопштат своите проблеми, а спрема тие потреби на граѓаните,  ќе се креира идната програма на ВМРО-ДПМНЕ,  а идната влада која ќе ја формира партијата  ќе си стои на зборот и ќе ги решава тие предизвици.

Напишете ги вашите проблеми, сугестии, нашата програма која што ќе излезе за неколку месеци ќе биде програма која што ќе решава проблеми, од која што граѓаните ќе видат корист.  Ние ќе бидеме реални, ние ќе си стоиме на зборот и ќе ги вратиме времињата кога тоа што го пишува во програмата тоа и ќе се оствари, нагласи Ѓорчев

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...