Заради лошите политики на Заев и неговите локални функционери Прилеп секојдневно изумира

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Петар Ристески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Почитувани,

Човекот кој од ден во ден ја пустоши и распродава Македонија денеска е во посета на Прилеп.

Зоран Заев, човекот кој со мегаломански лаги купуваше гласови од прилепчани, денеска е во посета на градот кој благодарение на него и неговите локални функционери уназадува во секој поглед.

Денеска во Прилеп е Зоран Заев, премиерот кој промени име на државата, распродаде идентитет и историја, ветувајќи сигурна европска перспектива.

И додека лажеше дека Европа ќе ни даде датум за преговори, во Собранието си протна шверцерски Закон со европско знаменце за опојни дроги, сакајќи веројатно да ги зајакне фамилијарните бизниси за одгледување на марихуана.

Господине Заев, кога веќе сте тука прошетајте наоколу и уверете се дека Прилеп полека, но сигурно изумира. Прилеп се враќа во времето кога вашите сопартијци го оставија со цела армија невработени луѓе.

Ништо подобро не е ниту денеска, вашата неспособна власт не донесе ниту една нова инвестиција, не отвори ниту една нова фабрика, едно работно место и не реализира ниту еден капитален проект.

Дојдовте во градот во кој вашите непотисти направија пустош, градот кој секојдневно се празни и останува без млади луѓе, без доктори, без перспектива.

Дојдовте по патот  Градско – Прилеп, чија изградба стагнира откако сте на власт и за кој државата веројатно ќе плаќа милионски оштети поради вашата неспособност.

Мизерните 7,7% реализација на капитални инвестиции од Општина Прилеп и катастрофалните 28% на вашата Влада, си го направија своето.

Тие кои денеска ве пречекаа градат мовчиња за 500.000 евра, купуваат 4 автобуси за 1 милион евра, граѓаните ги газат со ароганција и се однесуваат како градот да е нивна лична сопственост.

Еве кога веќе сте тука, прашајте го градоначалникот до каде е реализацијата на неговите изборни ветувања, прашајте го зошто на прилепчани им ги покачи сметките за вода за фантастични 60%, иако пред изборите им ветуваше за дека ќе ги намали за 20%.

Прашајте го како едни исти фирми градат насекаде во Прилеп? Дали иста фирма гради зграда кај медицинското училиште и хотел во градскиот пазар? Прашајте го Илија Јованоски дали тој има лична релација со оваа фирма?

Наместо денеска граѓаните да ги замајувате со нови бескорисни ветувања и да им ветувате одново нов живот, наредете се сите еден до еден пред Градскиот саат, местото од каде ја најавивте двојазичноста во Прилеп, и дадете си колективна оставка.

Прилепчани за тоа ќе ви бидат многу благодарни!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...