Заев повторно ги излажа граѓаните за изборот на главен ревизор

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Како што ги лажеше претставниците на меѓународната заедница дека во Македонија има реформи, како што ги лажеше граѓаните дека ќе работи чесно, така денес Зоран Заев излажа за процедурите во Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија.

Во интерес на точно информирање на јавноста, сакаме да предочиме дека, прво СДСМ предложија кандидат кој што не ги исполнува основните законски услови. Второ после посочувањето за непотполноста на документите на нивниот кандидат, пратениците од неговата коалиција бараа континуирано одложување на изборот на нов главен државен ревизор. Трето , последен пат пратениците на СДСМ на веќе закажана и отпочната седница за оваа точка  бараа одложување пред две недели.

Лицемерни се обидите на Заев да ја префрли одговорноста на друга страна само заради тоа што Комисијата за избори и именување во Собранието се спротивстави на незаконските желби и предлози на Зоран Заев.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...