Мицкоски: Мора да работиме, зошто граѓаните и нас ќе не казнат

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за Македонско радио изјави дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе следи многу работа и затоа ќе дадат се од себе за да не ја изневерат довербата на граѓаните, бидејќи доколку тоа не се случи граѓаните ќе ги казнат.

-Ние ќе се обидеме да дадеме се од себе да бидеме пред се искрени и честити, а останатото знам дека народот ќе го препознае и ќе го награди, доколку не сме искрени и честити, знам дека народот е доволно умен и искусен и знам дека тоа ќе го препознае и ќе го казни, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека е силно е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде таа опција која искрено и чесно ќе пријде пред граѓаните на Македонија, и искрено и чесно ќе ги пренесе политиките кои планира да ги води  и тоа и ќе го оствари.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...