Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио истакна дека ВМРО ДПМНЕ бара реформа каде што нема да има застарување на економскиот криминал и тоа не само кај политичарите туку да се истражи  како сето тоа се одвивало и во администрацијата, правосудството и така натаму.

-Ајде да воведеме реформа каде што нема да има застарување на економскиот криминал и не само кај избраните или предложените политичари , да видиме како тоа се случувало во администрацијата, како тоа се случувало и во правосудството . Да видиме какво е потеклото на имотот на сите овие луѓе кои што денеска се вработени во администрација , се судии , обвинители или  адвокати а располагаат со неколку станови куќи , викендички , вили, апартмани, возила , по неколку стопански објекти да видиме како го стекнале тој имот, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека треба на некој начин  да се ресетира општеството и да се испита колку е сериозна загриженоста за да се истераат тие  процеси но потенцираше дека ваквата намера треба да биде сериозна и дека не треба да има компромис со правото.