Јанушев: Освен за лажење, за друго не ги бива

Кога го читам Љупчо Николовски за наводните детали од средбата со државниот врв, се гледа дека освен за лажење, за друго не ги бива. А, со вакво лажење, нема да ме чуди ако излезат и со следни детали од средбата:

  1. Љупчо Николоски на средбата се пофали дека Заев со “чесна работа и пот” го “спечалил” веќе 10-от милион преку продажба на свежо садена марихуана.
  2. Заев изјави дека Шекеринска воопшто нема апсирации кон неговото столче и дека тој е неприкосновен монарх во СДСМ, се разбира до овој најнов пораз кон кој одат, по што ќе следи смена.
  3. Дека Заев се чуствува некомотно, речиси и загрозен што Фросина Ременска напредувала високо во степенот на крадење, но сепак е далеку од првото место, а не може да биде и второ, Вице местото е зафатено одамна…

Се разбира овие работи не беа споменати, иако оставам простор и да се точни. Но, намерата ми беше да ја иронизирам леснотијата со која го пуштиле Љупчо да лаже за средбата. А, знаете нема поголема вистина од онаа народната “кој лаже и краде …

Вистината е дека избегаа од брзи избори во Декември, од немај каде дадоа 100 дена техничка влада која ќе го заштити процесот од неказнети нерагуларности какви гледавме на референдумот и претседателските избори. Се друго е начин да се ублажи капитулацијата на Заев која му се случи и поразот кој му престои, се вели во Фејсбук статусот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...