ВМРО-ДПМНЕ секогаш работела за евроатланските интеграции, СДСМ се свесни за претстојниот пораз и затоа се нервозни

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Стефан Васев

ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија која прва говорела и работела за евроатланската интеграција на Македонија додека СДСМ како продолжеток на едноумието работела за сочувување на претходниот систем.

ВМРО-ДПМНЕ и денес е посветена на истиот пат, но истовремено ќе остане посветена и на заштита и постојана борба за националните интереси на Македонија. Тоа СДСМ ниту тогаш ниту сега нема да го разбере.

Се покажа дека денес власта и СДСМ под раководство на Заев менуваа име за да крадат, за да фрчат Луј Витон торби полни со милиони. Од европски вредности подразбираат само ”евро за Виц’то”, па дури и во самиот ек на Самитот на кој се одлучуваше за добивањето на датум за почеток на преговори подготвуваа нов закон за контрола на опојни дроги, за да може уште евра да се слеваат во џебовите на Заеви. Патем за да го забрзаат и покријат фамилијарниот бизнис со марихуана злоупотребија и европското знаменце и го тераат на шверцерски начин.

И во СДСМ се свесни за претстојниот пораз и затоа се нервозни. Обновата на Македонија е на прагот. Заев ќе изгуби катастрофално, а Македонија ќе триумфира.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...