Две години градоначалник Аце Коцевски – две изгубени години за Велес

Интегрален текст од изјава за медиуми Нада Трајкова, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во Советот на Општина Велес.

Почитувани,

Поминаа точно две години од работењето на локалната власт предводена од градоначалникот Аце Коцевски, а граѓаните се уште немаат видено конкретни резултати од ветувањата за живот.

Велес постепено од ден на ден се претвора во слепо црево на државата. Градот како никогаш до сега е преполн со нечистотија, ѓубре, дупки по улиците, раскопани улици, и како никогаш досега се подлабоко и подлабоко тоне како резултат на безидејноста и неработењето на локалната власт и градоначалникот Аце Коцевски.

Почитувани сограѓани наместо на истекот од половината од мандатот на Коцевски да зборуваме за реализирани проекти, за остварени резултати , за прогрес на градот, гледаме само назадување и неработење.

Каде е се она што го ветивте пред две години, господине градоначалник кога оптимистички најавувавте живот и едно општество? До каде се проектите од програмата кои се обврзавте дека ќе ги реализирате?

Нема никаква најава ниту за почеток на изградба на пливачкиот базен во дворот на основното училиште Васил Главинов, – ниту на катната гаража во центарот на градот?

– Ветувавте градски паркинзи над железничките пруги, а за две години немате изградено ниту еден паркинг и веќе нефункционалното јавно претпријатие за паркинзи го згаснувате и барате начин да го спасите, да го споите кон уште едно претпријатие Парк спорт!

– Зошто не се гради ново основно училиште во населба Тунел што го ветувавте, туку наспроти тоа затвара те и спојувате постоечки училишта, а учениците се возат со јавниот превоз изложени на безброј ризици?

– Зошто не се гради атмосферска канализација за прифаќање на водите што се слеваат на улица Благој Ѓорев?

– Не се градат ниту колекторски системи и пречистителни станици за фекалните води што ги ветувате.

– Каде е трговско-деловниот центар Градски Пазар и трговско деловниот објект Градски саат од вашата програма?

– Зошто не се гради заобиколен пат од Башино село до Превалец како што ветувавте?

– Ветувавте продолжување на кејот на Вардар, а за две години не изградивте ниту милиметар.

Господине градоначалник Аце Коцевски, ветувавте на Велешани дека ќе ја намалите цената на водата за пиење и ќе се намалат сметките кои ги плаќаат нашите сограѓани на комуналното претпријатие Дервен. Наместо тоа во овие две години воведовте две нови давачки на тотално нетранспарентен начин и без јавна расправа

-На сметките на Дервен се воведоа надоместок за јавно зеленило и надоместок за одржување на јавна чистота, и ја покачивте цената на водата за пиење.

Почитувани сограѓани зарем половина мандат не е доволен период за да видиме дел од ветените проекти на Аце Коцевски изработени или барем започнати во нивната изработка.

Господине Коцевски не можеме да видиме ниту почетоци на изградбата на пешачкиот надвозник од младинскиот парк до спортската сала ГЕМИЏИИ. Да не зборуваме пак за проектите од вашиот план за Живот во Велес за кои како рокови за изградба се ставени 2020та и 2021 та година. Зборувавте и ветувате сериозни проекти за нашата општина, проекти за чија реализација е потребна огромна подготовка која во изминативе две години не се ни забележува.

Наместо проекти и современа општина каква што ветувавте, граѓаните на Велес секојдневно се соочуваат со проблемите на своите улици, проблемот со кучињата скитници, загадениот воздух, повисоките цени на услугите кои добиваат а со намален квалитет.

Toa се работите кои ги одбележуваат вашите две години во водењето на Општина Велес, не оние измислени 680 градежни зафати кои никаде ги нема. Градот се гуши господине Коцевски, а Вие сте зафатен со приватни обврски, спортот го уништивте а културата ја заборавивте.

Згаснаа скоро сите културни манифестации кои беа обележје на градот.

Велешани, господине Коцевски се мудар народ, и ја препознаа вашата неспособност во водењето на општината, ја препознаа вашата ироничност во решавањето на секојдневните проблеми и вашата смисла за културното издигнување и настаните од културно забавен карактер во Велес. Нереализираните проекти и неработењето на институциите брзо се шират помеѓу ушите на јавноста.

За сите овие работи Вие и вашиот тим ќе треба да одговорите пред граѓаните, да застанете на улиците помеѓу Велешани и да ги погледнете во очи.

Две години градоначалник Аце Коцевски – две изгубени години за Велес. Господине Коцевски, граѓаните немаат повеќе време за губење. Граѓаните не бараат само измислени отчети туку и конкретни проекти, а и одговорност од Вас.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...