Наместо за граѓаните СДСМ работи за криминалците

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Граѓаните се иселуваат, немаат пари и не знаат што да прават, затоа што парите наместо кај граѓаните завршија кај криминалците во Луј Витон ташни.

Наместо за граѓаните СДСМ работи за криминалците.

СДСМ ги манипулира граѓаните. Наместо празни бројки соопштени од прес конференција, власта треба да ја погледне реалноста, а таа не е розева како што СДСМ  тоа сака да го претстави. Доколку економијата беше на прав пат, немаше полни автобуси со млади луѓе секојдневно да ја напуштаат Македонија.

Економијата е на стаклени нозе. Прометот во индустријата е паднат за 6.6%, а бројот на работници во истата е намален за 2.5%.

Земјоделието е разнишено. Земјоделците во скинати патики одат за да запечалат некој денар, а ветениот откуп и високи цени никаде ги нема. Кога си ги бараат правата министерот им доаѓа во брендирана гардероба и наместо решенија на нивните проблеми се расправа со нив.

Болниците се во лоша состојба. Студентите живеат во руинирани услови. Фирмите работат под притисок. Граѓаните се шиканирани од власта.

СДСМ  си заминува и Заев и Костадинов тоа го знаат. Попусти се сите бледи прес конференции на исплашените ликови.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...