Мицкоски: Не верувам ниту во Сваровски ниту на Луј Витон судството, туку на професионалци кои ќе носат правда

Не верувам ниту во Сваровски, ниту на Луј Витон судството, туку верувам во судство на професионалци кои ќе носат вистинска правда, каде професионалците ќе бидат таму каде што заслужуваат да бидат, каде што ќе се цени по квалитететот, не по роднински линии, не по тефтерчиња, не по  нешто кое што денеска е реалност,  изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Слободен печат.

Мицкоски посочи дека во денешново Луј Витон судство има обвинител кој што народски кажано е фатен со рацете во медот но, се заборава и името на една судијка која што има брат адвокат и кои што исто така учествуваат во тој процес.

-Тоа е важно затоа што истата таа судијка надвор од законот го замрзнува името на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Но тоа никој не го споменува ниту името на адвокатот ниту судијката. Тоа значи дека имаме јасна спрега помеѓу медумски могули кои што премиерот ги нарекува провладини, обвинителство и правосудство, тука немаме функционирање на владеењето на правото и немаме функционален и независен правосуден систем, потенцираше Мицкоски.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...