Ласовска: Унијата на жени е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија, (EPP Women)

Интегрален текст од прес конференција за медиуми Благица Ласовска, Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ официјално стана дел од големото европско семејство на женски унии во рамките на десните партии во Европа. Унијата на жени е примена за членка на Организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), на Конгресот кој се одржa во Виена од 18-19 октомври 2019 година.

Приемот на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ  следи откако Унијата ги помина сите потребни процедури кои следеа по поднесувањето на апликацијата за членство во март минатата година. Имено откако ме назначија за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ веднаш формирав тим во декември 2018 година од членки на ИК на УЖ за подготовка на обемната документација која што ја бара зачленувањето во ЕПП.

Воедно ја користам приликата јавно да им се заблагодарам за нивната посветеност на членките на тимот на УЖ кои со својата работа допринесоа ова членство да стане реалност. По комплетирањето на документацијата, веќе во март апликацијата беше поднесена и следуваше почитување на процедурите кои ги бара организацијаа на жени на ЕПП.

Програмата која ја поднесовме беше оценета како исклучителна и беше прифатена од сите членки на организацијата на ЕПП.

Со овој прием се заокружува вклученоста на сите структури на партијата во Европската народна партија, која е најбројната партија во Европскиот парламент и се потврдуваат европските аспирации на ВМРО-ДПМНЕ и придонесот на жените во креирањето на политики на европско ниво.

Во рамки на програмскиот дел. На Конгресот на женската организација на Европската народна партија е усвоена и резолуцијата “Женски визии за подобра Европа” која се однесува на приоритетите за делување на Европската комисија во периодот 2020-2024 година.

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот период активно ќе учествува во креирањето и градењето и на политки од значење за жените од полето на родовата еднаквост која е наша обврска и зацртана цел, така и за креирање на поле за активно вклучување на жените во политиката.

Претставничките на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во текот на средбите со политичари и функционери од женската унија на ЕПП ги информираа своите соговорници за недемократското и расипничкото владеење на владата на Зоран Заев.

Во билатералните средби со членките на женската организација на ЕПП беше искажана јасната и недвосмислена поддршка и посветеност на ВМРО-ДПМНЕ кон европскиот па на Република Македонија.

УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде активен чинител во придвижување на Македонија кон Унијата и запазување на европските вредности.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...