Јанушев го прашува Заев кој бега од избори: ВМРО-ДПМНЕ предложи пржинска влада веднаш и избори после 100 дена, Заев одби

“Политичарот кој тропа такви глупости” – Зоран Заев (несвесно) продолжува со јасна манифестација на огромна доза на нервоза, несигурност и соочување со сопствениот неуспех, па го гледаме како повторно “мрчи”, “цепидлачи”, па како “законот не бивал вака” … не само што Заев “го изгубил компасот, воопшто и го нема”!

Ама, штом сака да “прераскажува”, да го потсетам само дека првиот негов предлог беше за 22 или 27 Декември! Да, добро читате, 27 Декември – ден петок! Кога сите останати реагиравме дека не може избори во петок да се организираат, прво не “убедуваше” како не било петок, за на крај да мораме да му објаснуваме со пример дека ако 22 Декември е недела, не може следната недела да биде 27-ми!

Да го потсетам исто така, дека ВМРО- ДПМНЕ веднаш одговори дека за нас 22 Декември е прифатлив датум, но исто така Заев беше прашан дали треба свесно, со одлука на политичките партии треба да се прекрши Законот за Влада, бидејќи е предвидено најмалку 100 дена пред одржување на изворите да се формира т.н. “техничка или пржинска влада”. По што, предложивме оваа недела да се формира “техничката/пржинска влада” и да се распушти собранието, од тој момент да видиме кога истекуваат 100-те дена и на тој датум да се одржат изборите, што не беше прифатено од Заев.

И за крај, кога претходното не беше прифатено, ВМРО-ДПМНЕ даде нов предлог за датум за изборите – 22 или 29 Март, по што Заев побара пауза за “консултации” и кога се врати токму тој го предложи 12 Април!

И сега, кој бега од избори?!?

Не за џабе нашиот мудар народ рекол “на лагата и се кратки нозете … а, кој лаже, тој и краде”.

П.С. – да потсетам и дека од лидерската средба има стенограмски забелешки. Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игро Јанушев..

 

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...