Димитриев до СДСМ: Сите позитивни аспекти во Законот за класифицирани информации од опозицијата ќе се поддржат, но за негативните ќе биде гласна да не се изгласаат

Пратеникот Емил Димитриев од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес од собраниската говорница посочи дека потребно е НАТО партнери да вршат инспекција во Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации така ќе се стави ред во институцијата и нема функциите да се злоупотребуваат.

Сега сме во фаза на утврдување на потребата на носење на новиот закон за класифицирани информации и накратко ќе го кажам моето мислење и како ќе постапи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија.

Во оваа фаза ние ќе гласаме ЗА и ќе го поддржиме законот , законот има две-три посериозни новини. Првата новина е овозможување на вршење на инспекција како се менаџира со класифицираните информации во нашата земја од страна на нашите НАТО партнери. И тука апсолутно немаме дилема сметаме дека целиот период како партнер на НАТО сме доволно во комуникација да и НАТО има увид како и на кој начин ги употребуваме и менаџираме класифицираните информации, појасни Димитриев.

Димитриев додаде дека и НАТО знае што се случува во Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации која што е една мала институција меѓутоа на месечна основа е институција која што креира скандали кои што одат во прилог на креирање на атмосфера дека сепак во Република Македонија односот кон она што се нарекува класифицирана информација не е соодветен.

Затоа сметам дека законската основа да се врши инспекција од наши НАТО партнери е добра и меѓу друго и да ставиме ред на она што е појава кај нас на национално ниво со оваа материја, појасни Димитриев. Димитриев ја посочи и втората измена која што оди во прилог на првата измена, а тоа е зајакнување на казнените одредби за оддавање на класифицирана информација, исто така ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ. Покрај позитивните новини предлагачот на Законот пробува да прошверцува и предлози кои што опозицијата нема да ги поддржи и ќе биде гласна против овие предлози.

Еден од тие предлози е да се искреира ново функционерско место во оваа институција, заменик директор на оваа институција кој што досега не постоеше, нагласи Димитриев.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...