Мицкоски на Клан ТВ: Кажете ми една странска инвестиција во Чаир, Сарај или до каде е канализацијата во Арачиново, ништо од нив

Во денешната емисија на Клан ТВ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој запраша дали за овие три години на власт има барем една инвестиција во Сарај, Чаир и до кај е ветената канализација во Арачиново.

-Очигледно е дека толку вредат ветувањата на Зоран Заев. Кажете ми една инвестиција што се случила еве во скопски Чаир, странска. Или пак во Сарај. До каде е канализацијата во Арачиново, знаете? Не знаете, бидејќи ја нема, не постои. Луѓето до ден денеска таму мака мачат, улиците со фекалии се полнат при првиот порој, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека тоа се реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во нашата земја, а Заев ги вети но не ги оствари.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.