Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Имате ли комуникација со други политички партии да се приклучат на коалицијата?

Одговор на новинарско прашање: Да, имаме комуникација и со други политички партии за да се приклучат на коалицијата. Некои од тие политички партии  ги видов вчера во друштво на Зоран Заев.

Новинарско прашање:Дали има албански партии  во најава да ви дадат поддршка?

Одговор на новинарско прашање:Разговараме и со претставниците на  албанските партии. Дали ќе има коалиција предизборна или постизборна сеуште нема дефинитивен заклучок.

Новинарско прашање:Мицкоски, премиерот  Заев  изјави дека на нивните анкети  СДСМ води. Што покажуваат вашите анкети, вашите анализи за  претстојните избори?

Одговор на новинарско прашање:Па мислам дека ни он не верува во тоа што го кажуваше вчера. Но, вистина е многу различна  од тоа што го кажа господинот Заев. Јас тоа во неколку  наврати го кажав, а гледате дека анкетите коишто  ги прават и европските тела во Македонија и тоа пред да се случи ова фијаско коешто се случи се во насока на огромна  предност на ВМРО-ДПМНЕ  споредено со тој рејтинг којшто го има СДСМ. Нашите се бројки се повеќе од 100.000 гласа предност, но, тука тоа не е доволно затоа што ние рековме дека ние не се бориме за обична победа на овие избори, ние се бориме  за победа со поголем  легитимитет   и навистина за сите нас  ќе биде предизвик  да на овие избори ги  мотивираме граѓаните  да излезат во што е можно поголем број бидејќи после огромни ветувања и огромни очекувања  следат големи разочарувања. Тоа впрочем  е денеска реалноста во Македонија и затоа има винокник и виновникот има име и презиме се вика Зоран Заев. Така што да сумирам  одговор на вашето прашање предноста на ВМРО-ДПМНЕ, предноста на коалицијата  „За обнова на Македонија“  е многу поголема од  таа којашто  во моментот ја кажува Зоран Заев, а е во насока на тоа дека тие  водат на анкетите на наш предизвик ќе биде да таа победа да биде многу поголема за да можеме да навистина имаме една стабилна влада, едно стабилно мнозинство коешто ќе превенира од биlо каков  постизборен инженеринг.

Новинарско прашање: Имавте средба со коалиционите партнери, дискутиравте  ли за персонални  решенија за техничка влада?

Одговор на новинарско прашање: Генерално првиот дел на состанокот беше за да ги информирам за тоа што се случуваше вчера, предлогот околу преименувањето на коалицијата од Коалиција „За подобра Македонија“во Коалиција „За обнова на Македонија“. Сега веќе во вториот дел на  средбата ќе разговараме и за други теми коишто нормално ќе бидат дел од интерес на коалиционите партнери.

Новинарско прашање: Имаат ли забелешки за она што е одлучено?

Одговор на новинарско прашање: Не, немаше забелешки. Едногласно се усвои предлогот за  преименување на коалицијата, а доколку ме прашувате дали имаат забелешки  на датата за предвремените избори, исто така немаше.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...