ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира невистините изнесени на порталот „Цивил Медиа“

Соопштение до јавноста – демант на вест објавена на порталот Цивилмедиа – „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира невистините изнесени на порталот „Цивил Медиа“ со наслов „Христијан Мицкоски изразил признание за успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“.

Власта во паника шири лажни вести.

Преку ваквите лажни вести целта е да се предизвика мнение за споделување на одговорноста за поразот на заевите политики во ЕУ.

Заев е детронизиран и прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата.

Криминалниот октопод е извор на високата корупција на чие чело е токму Заев. И токму тоа е причината за моментната состојба во која е втурната Македонија. Ваквите лажни вести нема да го амнестираат од одговорноста за поразите на земјата.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

 

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.