Јанушев:Вчера беше почетокот на крајот на СДСМ и Зоран Заев

Порака до сите кои во своето срце ги носат светите букви ВМРО!
Заев паѓа! Вчера беше почетокот на крајот, а крајот се самите избори.

Јас, кој цврсто, непоколебливо и од дното на мојата душа верувам во Mакедонскиот народ, знам дека ова е крајот на една неславна епоха за нашата земја.
Но, и почетокот на нова ера, ново време, кога ќе треба да ја градиме нашата иднина.

Како генерален секретар на најмоќната партија чии свети букви се нашиот завет, барам од секој поединец на организацијата да го даде својот максимум, барам тоа да не го прави за себе, ниту за мене, туку за ВМРО, а тоа е свето име чиј завет е Македонија.
Бидете претпазливи и бидете на нивото на задачата, затоа што ова е победа која треба да ја донесеме за Македонија и нејзината иднина. Македонија е горда, Македонија е исправена и со кичма цврста како карпа.

Изборите се шанса за нов почеток, за нови победи, за цврста и силна земја која гордо чекори напред. Еве ја таа шанса да кажеме “да, и јас бев дел од таа голема победа за Македонија”.
Одиме силно, одиме до самиот крај, за ВМРО, за Македонија, против противник кој донесе поделби, срам, криминал и одземено достoинство.

Овде се работи за чистиот образ, за гордоста и за нашето живеење како Македонци. Затоа ова е ретка шанса да се даде одговорот, а ова е порака до луѓето на ВМРО, но и сите други кои овие 22 месеци шетаа со скаменето срце поради срамот кој Заев ни го донесе, за името кое ни го сменија, за нашето огниште и нашиот идентитет, за прогонот на патриотите кои поради Македонија страдаат по затворите, но и за прогонот на новинарите, за луѓето кои ги оставија без работа, за земјоделците чиј труд е потценет и неплатен, за нашите деца кои сакаме гордо да се напишат како Македонци од Македонија. Ова е битка на нашите животи и оваа битка ќе ја добиеме заедно, еден покрај друг, еден со друг заедно, зошто сите славни битки сме ги извојувале сплотено и заедно.
Така ќе биде и овој пат.

Обнова на Македонија, за нашата татковина. Победуваме!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...