Велковски:СДСМ и Шилегов веќе неколку години ги манипулираат граѓаните на Чаир

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ѓоко Велковски

Почитувани,

Денес советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Чаир и дел на советниците Град Скопје присуствуваат на собирот на жителите во Чаир, со цел посетување на централните и градските власти дека Чаирчани се заборавени од нивна страна.

Граѓаните на Општина Чаир скоро три години чекаат да дојде животот од ветените мерки од централната власт, и две години од мерките на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Мандатите им истекуваат, а животот на граѓаните во Општина Чаир не само што не е подобен туку истиот е полош и потежок од претходно. Кога им беа потребни гласовите на овие граѓани денешните функционери од централните и градските власти беа секој ден поприсутни со најразлични ветувања за жителите на оваа општина.  Оттука беа избрани и именувани на одредени позиции и повеќе не ги посетија овие граѓани. Ниту ги реализираа нивните предизборни ветувања.

Иако во програмите на претходните избори имаа ветено капитални бројки за оваа општина, но досега не е реализирано ниту едно од овие следни ветувања:

  • Пробивање на булеварот „Словенија“
  • Зелен коридор на реката Серава
  • Ново сообраќајно решение на „Јаја Паша“
  • Монтажни паркинзи на „Чаирчанка“, „Џон Кенеди“
  • Спуштање на раскрсница кај „Мавровка“
  • Реконструкција, реновирање и опремување на поликлиника „Чаир“
  • Изградба на старски дом

СДСМ и Шилегов веќе неколку години ги манипулираат граѓаните на Чаир. Се служи со најразлични лаги и невистини за реалната состојба со која се соочуваме сите ние како граѓани.

Она што единствено го направија во овие изминати години се уцените кон неистомислениците, преместување на работните места и неработа.

Нивната неспособност и неработа оди до тој степен што започнатите и оставените проекти од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ не се способни да ги дореализираат.

Почитувани,

Политиката на СДСМ и Петре Шилегов со нивните манипулации и лаги, рекет е веќе видена. Нивната политика е поразена, а народот го виде вистинското лице на овие луѓе. Веќе е време да престанат овие манипулации со граѓаните на Чаир.

Чаир од секогаш била една од најубавите општини во Република Македонија каде што повеќе етнички заедници живеат во една заедничка хармонија. И заеднички сме се соочувале и сме се бореле за нашите права и потреби.

Како советници на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир веќе започнавме активности со посета на населените места во нашата општина и разговараме со граѓаните за  нивните проблеми и потреби.

Ќе продолжиме и во иднина континуирано да се среќаваме со жителите и постојано да бидеме присутни за да ги слушнеме нивните потреби и да помогнеме во нивното решавање.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш имала и има капацитет квалитетно да ги оствари ветените проекти од нашата програма. И уште сега можеме да ветиме дека ќе продолжиме со проширување и реконструкција на нашите сообраќајници, изградба на катни гаражи, паркови, фудбалски игралишта, изградба на нови капацитети на детски градинки, основните училишта, мерки за заштита од загадување и уште многу други проекти кои ќе допринесат за подобра средина во нашата општина.

Можеме да ветиме само едно, а тоа е дека сите ќе се заложиме максимално и посветено за обнова на Чаир.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...