Милошоски: Заев, Османи, Димитров треба да си поднест оставка и да превземат одговорност

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „КликПлус„ зборуваше за недобивањето на преговори на членство на Република Македонија во ЕУ при што потсети дека претходната година Бујар Османи, Никола Димитров и Зоран Заев го прославија во авион и укажа дека тие треба да распишат избори, од морална гледна точка најмалку ако не од политичка да си поднесат оставка и да превземат одгворност.

-Самата емисија вечерва и отсуството на Бујар Османи како вицепремиер за евроинтеграции , отсуството на Никола Димитров како министер за надворешени работи и еден од главните преговарачи за европерспективи на државата или отсутство на повисок владин претставник укажува на тоа дека тие го чуствуваат поразот за коишто до вчера тврдеа дека имаат гаранција и дека нема да се случи, потенциаше Милошоски.

Пратеникот во своето гостување рече тој не би навлегувал во нивните проценки, но смета дека како луѓе, како политичари кои го повикуваа народот да излезе на референдум за договорот од Преспа сега би требало барем да го задржат истиот принцип и Заев, Бујар Османи и Никола Димитров да го поканат народот да ја даде довербата на оваа влада или на некоја друга влада за развојот на Реплика Македонија

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...