Катастрофата што и се случува на општина Аеродром, има име и презиме Златко Марин

Интегрален текст од изјава за медиуми на Пане Антовски

Почитувани,

Изминаа две години од мандатот на Златко Марин и СДСМ.

Две години во кои освен нови згради, криминал, лично богатење, лаги и измислици, не видовме апсолутно ништо сработено од страна на Марин.

Предизборната програма со која градоначалникот ги лажеше жителите на Аеродром најверојатно е заборавена, а можеби и изгубена, па не може да се потсети што ветувал.

Изминатиот период посетивме повеќе населени места во општината, ги слушнавме граѓаните, поразговаравме со нив и кај сите постои револт поради лагите кои им без сервирани, надевајќи се дека нешто ќе се подобри.

Ново училиште „Димитар Македонски“, нова гимназија во Аеродром, градинки во Мичурин и на ул. „Тодор Чангов“, подобрена инфраструктура, нови паркови и зеленило, нова општинска зграда, мултинаменски културен центар, гасификација, паркинг простори, нова индустриска зона, нова амбуланта во населба Лисиче, затворен зелен пазар, комунален ред и хигиена на европско ниво, можеме да видиме само на хартија. За жал, општина Аеродром е далеку од она што беше ветено.

Наместо решавање на постоечките проблеми, успеавме да видиме како со недомаќинско работење може во една од најурбаните општини во Република Македонија може да се создадат и нови проблеми и тоа поради една и единствена причина, неспособноста на Златко Марин.

Парковите скоро и да се исушија, зеленилото се претвори во жолтило. Секоја улица, секоја парк, секое маало сведочат за негрижата на општината за хигиената, контејнерите секојдневно се преполни, кал, прашина, ѓубре и депонии станаа синоним за општина Аеродром.

Ветуваа здрава и чиста животна средина, чист воздух за сите. Единствено што реализираа е тоа што мерната станица за квалитет на воздухот е исклучена веќе две години.

Апсолутно НУЛА реализирани проекти за подобрување на квалитетот на воздухот, ама затоа исечените десетици здрави дрва, повеќегодишни дрва, изградените огромен број на нови згради, уништената инфраструктура сведочат за катастрофата што и се случува на општина Аеродром, која што има име и презиме Златко Марин.

СДСМ докажа дека не знае како треба да се работи и тоа на сите ни е јасно и мора што поскоро да си замине.

На Аеродром му е потребна обнова која ќе донесе крај на лагите и криминалот.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да биде со граѓаните на општина Аеродром, ќе ги посетиме сите населени места, се со цел да ги слушнеме сите проблеми кои ги имаат и согласно надлежностите ќе се обидеме да најдеме заеднички решенија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...