Одговори на новинарски прашања на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Кои ќе бидат вашите следни чекори пошто нели претходно имаше најави дека ќе повикувате да излегувате на улица дали тоа ќе остане или ќе одите на друг начин да се борите условно да кажам против оваа власт која што вие ја нарекувате дека е пропадната?

Одговор: Изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ опозицијата даде доволна шанса на овие веќе политичари кои што заминуваат од политиката сцена да можат да испорачаат нешто за граѓаните на Македонија за Македонија како држава а видовме дека тоа што го испорачуваат не само што не постои туку се само едни обични лаги, измами подигнати очекувања, изневерени очекувања, невистини, многу криминал, корупција тоа е практично нашето секојдневие во Македонија. Ние рековме а јас вчера лично тоа го потврдив при мојот говор во Гевгелија кој што беше дел од нашите теренски активности и поврзани со кампањата разговори за обнова на Македонија дека ВМРО ДПМНЕ излегува на плоштадите на улиците, ќе тропне на секоја врата, ќе разговара со граѓаните на Република Македонија со нашите сограѓани, пријатели соседи колеги, роднини за тоа како треба оваа држава во иднина да изгледа. Имаме јасен план, имаме јасна визија, имаме стратегија кои се нашите следни чекори но она што е важно денеска е да повторам дека на Македонија и се потребни реформи, реформи кои што ќе значат крупни чекори во иднина  а не реформи кои што ќе ја враќаат Македонија чекори наназад и ќе служат исклучиво како оправдување пред јавноста за богатење на една мала политичка каста во владата и амнестија на криминалите од минатото за политички моќници. ВМРО-ДПМНЕ останува принципиелно на тие ставови, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на иднината на генерациите кои што доаѓаат и иднината на Македонија затоа што тоа што ние го нудиме е иднина модерна, современа европска држава. Секој оној кој што цени и има желба да се приклучи на оваа политика е добредојден.

Прашање: Господнине Мицкоски постојано велите дека сте подготвени за избори еве доколку утре би имало техничка влада имате ли план кој од ваша страна би биле функционери?

Одговор: Видете за персонални решенија никогаш досега не сме разговарале, нас ни биле секогаш поважни процесите и во името на тие процеси ВМРО ДПМНЕ така функционираше изминативе речиси две години од како јас бев избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговорно темелно принципиелно и се се темелеше на факти и аргументи и ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи така да функционира и во иднина. Најпрво да сочекаме да видиме што ќе се случува во деновите кои што ќе следат а потоа се разбира ќе следи и одговорот на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ верува во човечкиот потенцијал верува во кадровскиот потенцијал верува во сопствените политики дека тоа што ќе го понуди е она кое што го кажа веќе во одговорот на првото прашање поставено од вашиот колега а тоа е како да најдеме равенка која што оваа држава ќе направи модерна европска земја, решението за таа равенка ВМРО ДПМНЕ го има, персоналните решенија ќе ги оставиме за некоја друга дискусија од како ќе знаеме што ќе се случува понатаму. Но нас ни се важни ќе повторам процесите а процесите се поврзани со решенијата на оваа равенка.

Прашање: Сметате ли дека по овој исход премиерот Заев треба да си поднесе оставка и дали вашата пратеничка група би можела да поднесе интерпелација за работата на Владата во Собранието?

Одговор: Господинот Заев требаше да си поднесе оставка многу порано. Господинот Заев ќе влезе во историјата на независна македонска држава како еден од најнеуспешните премиери кои што нанесол големо зло не само за процесите, не само за генерациите кои што денеска се современици туку и за оние генерации кои што доаѓаат. Јас тоа го зборував многу пати во минатото, а тоа можам да го потврдам и денеска, затоа што сето она кое што беше политика, а кое што го предводеше Зоран Заев и тие малкумина обожаватели околу Зоран Заев се распадна како кула од карти. Ние секогаш велевме дека криво засадено дрво, криво и ќе израсне. Но ова за жал дрво не само што криво изрти туку даде и затруен плод. Треба да го лекуваме и дрвото, но треба и да го уништиме плодот. Она кое што следува е одговорност за овие штетни политики.

Прашање: Дали добивте покана од страна на претседателот Пендаровски за лидерска средба во недела и дали ќе присуствувате на средбата? Сега повикавте и вие на средба на државниот врв на која ќе се разговара ситуацијата во Македонија.

Одговор: Точно повикав и претпоставувам внимателно го следевте моето обраќање, повикав на средба на државниот врв затоа што мислам дека треба да се разговара со отворени карти, да се разговара чесно, искрено пред се затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас, затоа што граѓаните се разочарани од политиките кои што се денеска секојдневие во нашата држава. Затоа што граѓаните денеска не сакаат повеќе да го губат сопственото време во политиканство кој повикал или не повикал на средба. Кој бил прво, кој бил втор, кој бил трет, тоа е тотално неважно. Поважно за мене денеска е да излеземе со јасен план и да им дадеме на граѓаните оптимизам  во годините кои што следат, Македонија ќе ја исполни оваа стратешка цел, а тоа е полноправно членство на државата во рамките на Европската Унија. Јасен план без ни малку калкулирање без ни малку политиканство. Ќе повторам нема повеќе време за губење, потребно е време за акција. До сега за жал сите ние бевме жртви на политиканство и погрешни политики. Она кое што следи во периодот е резолутна и одлучна акција. Дали средбата ќе биде затоа што сум бил јас повикан? Дали средбата ќе биде затоа што јас повикувам за мене е целосно неважно, важно е да има таква средба и таква средба треба да се одржи час поскоро. Се разбира виза ви расположливото време на сите учесници.

Прашање: Значи ќе присуствувате во недела?

Одговор: Мислам дека бев доволно јасен во одговорот.

Прашање: Ќе учествувате во недела или нема да учествувате?

Одговор: Jас повикувам на лидерска средба, дали средбата која што ја организира претседателот ќе биде во недела не знам, потребно е да добиеме официјална покана, но доколку добиеме официјална покана еве да бидам појасен ќе учествувам на таква средба.

Прашање: Господине Мицкоски, на пресот изјавивте дека повикувате на лидерска средба и рековте дека ќе присуствувате на истата. Со каква стратегија ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на таа средба?

Одговор: Јас реков дека повикувам на средба на државниот врв. Прво да го увидиме дневниот ред на таа средба, очекувам да добиеме дневен ред да видиме за што ќе се дискутира, па дури потоа ќе можеме да дадеме повеќе детали. Јас немам парапсихолошки способности да предвидам што ќе има на таа средба и кој ќе биде дневниот ред за да можам однапред да ви ја кажам мојата стратегија. Но, онаа стратегија што ВМРО-ДПМНЕ ја има, денеска многу јасно и искрено пред македонскиот народ ја презентираше овде пред вас. Да го видиме дневниот ред и врз основа на тие прашања ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради стратегија и таа стратегија ќе биде дел од лидерската средба.

Прашање: Дали под реформи сметате дека треба да има реформи и во законот за попис и дали имате во план да спроведете попис?

Одговор: Апсолутно сметаме дека треба да се спроведе пописот но според европските стандарди. На таков начин треба да се спроведе пописот и да се третира како статистичка операција, а не како политичка платформа. Кога пописот во Македонија ќе се третира како вистинска статистичка операција, тогаш ние ќе имаме кредибилен попис. Но се додека се бараат политички компромиси, ние нема да имаме кредибилен попис и ќе ни се случуваат работи што ни се случуваа изминативе години. Да за секој закон кој што ќе почитува стандарди, кој ќе примени европски регулативи, да за закон кој ќе направи компаративна анализа, ние ќе бидеме за и ќе го поддржиме. Се што е спротивно на тоа, а што ќе е резултат на политички компромиси ВМРО-ДПМНЕ ниту имало намера, ниту некогаш ќе поддржи нешто такво. Ваков каков што е предложен законот по политичка платформа, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати и ќе повика на непотпишување. ВМРО-ДПМНЕ достави во рамките на преговорите на комисиите за законот за попис 28 суштински забелешки и очекуваме да се произнесат за истите.

Прашање: Засега има неофицијални информации дека Заев подготвува оставка, ако навистина поднесе оставка има ли ВМРОДПМНЕ поддршка во собранието да се распушти собранието и што во случај ако не поднесе оставка?

Одговор: Ќе дозволите во деновите кои што следат да ја претставиме нашата стратегија јас тоа го кажав во одговор на едно од прашањето на вашите колеги како одговор на вашето прво прашање околу оставката на господинот Заев јас кажав дека таа требаше да се случи многу порано не денеска таа требаше да се случи многу порано очекувам еве барем денеска бидејќи комплетно е делигитимиран и како политичар и неговите политики да тоа го направи со тоа да се распушти владата и потоа согласно законот постапуваме во рамките на парламентот  формирање на техничка влада и така натаму , но повторно ќе кажам не сакам ова да биде јасно кога го кажувам пред македонската јавност дека не  сакам ова да биде сфатено разбрано од страна на македонската јавност дека избори за пуста власт, не, ние не сме Зоран Заев, ние сакаме влада која што ќе направи од Македонија модерна и европска држава. Тоа е она што ние го нудиме и ги повикавме граѓаните да ни се придружат и не сакам ве молам да бидам погрешно сфатен. Не ни се потребни избори за пуста власт тоа му го оставам на Заев, Шекеринска, Анѓушев и останатите апологети околу нив. Ние сакаме да влада која што ќе биде вистинска влада и која што ќе понуди вистински реформи за вистинска иднина на сите граѓани во една модерна европска држава.

Прашање: Што доколку еве не прифатат предвремени парламентарни избори  затоа што  претходно и на неколку наврати  Заев велеше дека и да нема датум избори нема да има. Кој ќе бидат вашите  следни чекори? Како ќе функционираат?

Одговор: Неколку пати одговорив на тоа прашање, ќе ги искористиме сите демократски начини  коишто ни стојат на располагање. Ако мислите дека ќе преземеме некакви  радикални чекори, ако е тоа суштината на вашето прашање еве немојте да се грижите, нема да бидат радикални чекорите бидејќи не сакаме  да ја продолжиме агонијата на граѓаните, не сакаме да ја продолжиме агонијата на Македонија и не сакаме да ја продолжиме политичката кариера на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев и останатите, туку сакаме  да ги убедиме и нив дека ова што го направија е погрешно  и дека единствен разумен  чекор на сите политички партии во Македонија  е да оставиме граѓаните да одлучат  дали блескаме  како што они велат  или ќе ги блесне гласот на народот. Тоа е она што ние ќе го направиме. Немојте воопшто да стравувате, доста му е на овој народ  од кризи, доста му е на овој народ  од политиканство,му требаат реформи, му треба работа. Тоа е она што ние ќе го  нудиме.

Прашање: Ќе побарате ли измени на Изборниот закон ќе чекате ли да се усогласите со нов изборен закон за предвремени избори?

Одговор: Сите препораки кои што ги има дадено ОБСЕ и ОДИХР ние сме обврзани сме да ги, доколку сакаме да имаме кредибилен процес циклус треба да ги инкорпорираме во Изборниот законик, во таа насока ќе продолжиме и понатаму да дејствуваме се разбира доколку имаме вистински соговорник на другата страна.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...