Јанушев: Колку е несериозно партијата да си го демантира и дообјаснува својот лидер зошто Заев дава несреќни изјави

Заев вчера кажа-излажа дека доколку нема датум Владата ќе падне.

Но, сепак неговите сопартијци за медиумите изјавија дека Заев блефирал и изјавата била за да направи притисок врз Франција и Макрон!

Колку е несериозно, партијата да си го демантира и дообјаснува својот лидер, зошто Заев дава несреќни изјави.

Која пародија!?! Кое фијаско!?!
Ова народски кажано се вика “отвори се земјо, голтни ме”!

И додека европските политичари ни порачуваат дека процесот на пристапување во ЕУ е целосно врз основа на заслуги и фокусот треба да биде на реформите кои треба да се направат, од криминално-рекетарскта банда на Заев, Шеќеринска и останатите се обидуваат одговорноста да ја лоцираат секаде (надвор и дома), освен кај самите себе.

Не е за “џабе” кажано дека првиот чекор за надминување на проблемот е да признаеш дека имаш проблем. 😉

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....