Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Татијана Лалчевска

СДСМ ги донесе граѓаните на питачки стап. 500.000 граѓани во Република Македонија живеат во сиромаштија. 500.000 граѓани кои не ги носат розевите наочари на Заев не знаат како да се прехранат и да го поминат месецот.

Зоран Заев три години колку што е на власт не направи ништо за граѓаните и подобрување на животниот стандард.

Наводното покачување на минималната плата со кое Заев се фали е само празно слово на хартија, работниците уште ги враќаат парите на газдите на рака.

Економската состојба од ден во ден е се полоша, падот во индустрискиот промет во август оваа година во однос на август минатата година изнесува 6.6%. Бројот на работници во индустријата е исто така намален, на секој 100.000 работници  оваа година имаме 2.500 работници помалку од лани.

Граѓаните и државата тонат. Со секој ден со СДСМ на власт државата е во се полоша состојба. СДСМ треба да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро.

 

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.