СДСМ за овие три години ја уништи економијата во Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ на граѓаните ништо не даде, туку им зеде се.

СДСМ за овие три години ја уништи економијата во Република Македонија.

Во август 2019 во споредба со август 2018 година прометот во индустријата е намален за 6.6%.

Индустријата додека оди надолу, оди надолу и економијата, доказ за тоа е и падот на работници во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година за 2.5% или на 100.000 работници имаме 2.500 работници помалку.

Нивото на капитални инвестиции е на најниско ниво во историјата на Република Македонија. За осум месеци од годината се реализирани само 28% од годишно предвидените инвестиции.

А, покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално. Владата на Зоран Заев додека ја зголемува минималната плата на хартија во реалноста работниците ги враќаат парите на рака на газдите.

Потребна е обнова на Македонија, потребни се реални мерки кои ќе допринесат за подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Потребно е што поскоро СДСМ да си замине од власт.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...